Press "Enter" to skip to content

Златни плакети за вработени во Општина Битола кои се пензионираат (фото)

Градоначалничката Наташа Петровска на пензионери кои заминуваат во пензија, Ѓуро Илиќ, Златко Стерјев, Христија Стојановска и Коле Митревски им додели златни плакети за сеќавање на времето помината како вработени во Општина Битола.Денес во Општина Битола на свечен начин им беше честитано заминувањето во пензија на вработени во Општина Битола, а на свеченоста во име на сите вработени на новите пензионери им честиташе градоначалничата Наташа Петровска.-Сакам да им го честитам пензионирањето на нашите вработени и да посакам долги години да ја користат пензијата и да имаат исполнети пензионерски денови. Овој начин на честитање на пензиите нека биде нов начин кој и во иднина ќе го правиме. Во време на други работни обврски некако ги забораваме овие моменти кои се пријатни за оние кои славет и за нас кои им честитаме. Поголем дел од животот поминуваме на работните места, па затоа нека овие златни плакети бидат потсетување на деновите кои ги поминале тука заедно со нас.Посебни подароци доби и Ѓуро Илиќ од сите вработени во Општина Битола, кои му порадија резба во дрво, во знак на благодарност и честитка за пензионирањето, а честитки доби од заменик градоначалникот Емилија Кострурска и Жаклина Наумовска од Советот на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »