Одбојкарките на Пелистер Волеј ги започнаа подготовките за наредната сезона, во која влегуваат со амбиции, да бидат во врвот на македонската одбојка во сите категории.
-Подготовките ги започнавме со камп кој го организираме во Грција, во местото Неа Пори, каде сме втора година по ред. Имаме одлични услови и работиме според планот за подготовки во оваа прва фаза од подготовките, секако се е проследено со многу игра, забава и дружење на сите кои се во кампот, вели Роберт Митковски, во јавувањето од таму.
Одбојкарите по тешката и исрпувачка сезона заслужија вакви “лабави “подготовки, а “пеколот“ ќе ги очекува во Битола, кога ќе влезат во нивната база, Медицинското училиште.






