Press "Enter" to skip to content

КК Младост со нови меѓународни пријателства, домаќини на екипа од Волос, Грција

Кошаркарскиот клуб Младост е можеби најактивниот битолски спортски колектив кој посветува внимание на меѓународната соработка.

КК Младост деновиве се врати од “Јадранската турнеа“ каде настапи на натпревати во Задар, Хрватска и Подензано, Италија, а викендов остварува нова меѓународна соработка.

Гости на Младост ќе биде екипа од Волос, Грција, со која викендов ќе одигра и пријателски натпревар во кој ќе играат млади кошаркари родени 2003/5 година.

Тренерот и организатор на овие средби, Горјан Стојановки, вели дека ова е прва средба со оваа екипа од Волос, но се надева на поголема соработка и секако со реванш пријатеска средба за брзо време на нивни терен, со истата екипа, а можеби и со повеќе екипи.

Натпреварот ќе се одигра во недела во 9,30 часот, а потоа ќе се одржат и протолкуларните средби.

More from СпортMore posts in Спорт »