Фудбалерите на Пелистер утре ги започнуваат подготовките на наредната сезона, а првата прозивка ќе биде на градскиот стадион под Тумбекафе, а потоа ќе се одржи и првиот тренинг.
Тренерот на Пелистер, Дарко Крстевски и неговиот помошник Димче Ристевски на фудбалерите ќе им го соопштат планот за подготовки и како ќе се одвиваат подготовките.
Утре и Управата на Пелистер ќе соопшти дали има и кои се засилувањата на клубот и секако амбициите за оваа сезона.
Од фудбалерите кои изминатата година настапуваа за Пелистер само Петар Љамчевски досега го напушти клубот, а на прозивката ќе го видиме играчкиот кадар за оваа сезона.






