На спортските терени во основното училиште “Даме Груев“ винедов ќе се одржи по 5. пат меморијалниот фудбалски турнир во мал фудбал “Јове Димовски – Начко“.
Утре на 10 јуни, организаторите на овој меморијален турнир ќе организирааат и крводарителска акција во просториите на ОУ “Даме Груев“ од 12 до 16 часот.
Доделувањето на наградите на најдобрите екипи и поединци и затворањето на турнирот во мал фудбал ќе се изврши во недела во градската кафеана на хотел “Епинал“ со почеток во 21 часот.
Како и изминатите години така и овој пат на турнирот се очекува да се појават голем број на фудбалери и пријатели на Јове Димовски – Начко.






