На 14.07.2019 околу 13.50 часот на ул. „Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ц.С. (61) од Битола и мопед „априлија“со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(16) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола.
Додека, сопатникот на мопедот О.С. (16) се здобил со телесни повреди.
Увид извршила екипа од СВР Битола.






