Press "Enter" to skip to content

Капитенот Ојлевски и седуммина ракометари со нови договори со Еурофарм Работник

Ракометниот клуб Еурофарм Работник ги продолжи договорите со неколку ракометари кои ги смета за составен дел од новиот проект.

Договор на две години потпишаа Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Градимир Чаневски и Мирко Радовиќ.

Верноста кон вицешампионот на дополнителна една година ја потврдија Милорад Кукоски, Стефан Талески, Михајло Петровски и Благојче Трајковски.

Овој преоден рок битолскиот клуб го засилија Ратајац, Јотиќ, Велковски, Бојан Маџовски, Вегар и Митревски.

Тренерот Алушовски и стручниот штаб првиот тренинг пред сезоната 2019/20 го закажаа за в понеделник 22 јули.