Менаџментот на СЕХА лигата ја изврши жребката на 12 екипи кои ќе се натпреваруваат во годинашната СЕХА лига, битолски Еурофарм Работник ќе биде во “Б“, а Вардар во “А“ групата, кои ќе бројат по шест екипи.
За прв пат екипите ќе бидат поделени во две групи, а “фармацевтите“ ќе бидат дел од силната група “Б“, заедно со унгарскиот Веспрем и хрватскиот Загреб, како и белорускиот Брест Мешков.
Група Б: Еурофарм Работник, Веспрем, Загреб, Металопластика, Мешков Брест и Пекинг Универзитет.
Група А: Вардар, Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања, Мотор Запорожје.
Новата СЕХА сезона започнува на 3 и 4 септември, а наскоро ќе го објави и календарот за одигрување на натпреварите.