Press "Enter" to skip to content

Даниело Божиновски денес суди европско полуфинале за младинки во Варна

Битолчанецот, Даниело Божиновски, заедно со неговиот судиски партнер, Виктор Начевски од  Скопје, се делегирани да ја делат правдата во полуфиналето на ЕХФ шампионатот за младинки до 19 години, во бугарскиот град Варна, кое ќе се одигра денес во 17,30 часот.

ЕХФ му даде прво доверба да бидат дел од судиската екипа, на нашиот најмлад пар на Европското првенство за младинки, а довербата кон нив ја потврдија со тоа што ќе ја делат денес ракометната правда, помеѓу Србија и Украина.

Даниело Божиновски во разговорот пред заминувањето во Варна, Бугарија, ни рече дека посакува да судат полуфинале, а неговата желба денес и му се оствари.Тие неколку пати беа делегирани и одлично си ја завршија работата во групната фаза на натпреварувањето, а и во елиминационите натпревари кои одлучуваа за пласман во финалето.

И во второто полуфинале Бугарија и Полска ќе има уште еден Македонец, а тоа е делегатот Камел Металари. 

More from СпортMore posts in Спорт »