Управата на кошаркарскиот клуб Пелистер денес го реализира новото засилување, Антон Казарновски, кој заедно со Мико Голубовиќ ќе бидат центарската двојка во наредната сезона.
Според претседателот на КК Пелистер, Сашко Наумов, ова ќе биде сериозно засилување на тимот, кој оваа сезона имаат сериозни амбиции, а и првото странско засилување е во таа насока, а се очекуваат уште 2-3 засилувања, зависно дали Билер ќе остани член на Пелистер.
Казарновски е роден во 1985 година во Москва, и е натурализиран Израелец. Тој досега имал настапувано во македонската лига, во екипата на Блокотехна.
Новиот центар на Пелистер може да се пофали и со играње за екипите на израелски Тел Авив и германски Баерн Минхен.
Во екипата на Пелистер доаѓа од грчкиот лигаш Аполон.






