Нашиот сограѓанин Ристо Димитров – Чурино е докажам ММА борец и има победувано на десетина профи меча, а деновиве започна да се докажува и како тренер.
Неговиот ученик, Сауд Салех Ал Намани ја извојува својата прва победа на “10 Rounds Fight Night“ турнирот во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.
-Јас неколку години сум во Оман, каде тренирам неколку борци. Мојот ученик и јас се вративме од Дубаи со победа. Горд како тренер и пријател, ова е само почеток и очекува, уште борби и многу победи. Исто така благодарен и до мојот тим од UFC GYM Oman кој допатува за да помогне и да ја даде својата подршка, ни рече Чурино, видно задоволен од постигнатиот резултат.

Чурино се докажува и како тренер, ученикот од Оман победник во Дубаи (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Фото вест: КК Пелистер ќе додели гратиси за денешниот натпревар
- Спасев, тренер на КК Пелистер: со добра одбрана и брза игра до добар резултат против ТФТ!
- Утре стартува кошаркарската сезона, Сапунџиев најави голема борба на паркетот против ТФТ
- Нова победа на “двојката“ во Битола, поразен Куманово (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер го победи Бутел на Стоилов





