Press "Enter" to skip to content

Битола има три верски објекти посветени на Света Петка (фотогалерија)

Димче Миновски

Денес е празникот Св. Петка, а во Битола се наоѓаат три верски објекти посветени на оваа светица, црква изградена во модерен стил, параклис и мала црквичка.Најновата и најмодерната црква “Св. Петка“ која е изградена во нашиот град се наоѓа во населбата, која битолчани сега ја знаат како “кај скопската пивара“. Таа е изградена во осумдесеттите години на минатиот век, е според многумина во тоа време беше најмодерната црква и предизвика големо внимание кај архитектите, црковните лица и верниците. Црквата “Св. Петка“ на улицата “Кочо Палигора“ не е во центарот на вниманието и не е доста афирмира, според мене, поради местото каде се наоѓа, меѓу две улици со густо изградени куќу во стара битолска населба.Покрај оваа црква кај круќниот тек над реката Драгор, кај Црн Мост, можеби десетина години фукционира мал парклис посветен на Св. Петка. Параклисот беше на потпорниот ѕид од камен, пред да се изгради големиот кружен тек, каде сега се наоѓа убаво уреден простор.Просторот го одржуваат жителите од овој дел, а може да ги пофалиме бидејќи секогаш е уреден и чист, а битолчани имаат убави место за одмор и дружење.На стотина метри од параклисот кај Црн Мост, пред неколку години беше изградена мала црквичка, која е направена според каноните на МПЦ. Има олтар со ликот на Св. Петка, а има и насликани фрески по ѕидовите. Кога синоќа ги посетивме сите три верски објекти во сите имаше верници кои ни рекоа дека во параклисот и малата црквичка ќе има дневни богослужби, а има и кумови кои ќе се погрижат за организацијата.

More from БитолаMore posts in Битола »