Камерниот оркестар на Битола продолжи со одличните настапи пред битолчани кои овој пат можеа да уживаат, како рекоа изведувачите, во неповторлив звук.
Овој пат журката, како и изминатото лето, се случи синоќа на Ракометното игралиште, каде околи три илјади битолчани и нивни гости уживаа во “Electro symphony“.
-Ова е најспектакуларниот настан во Битола, ова лето со голем број на учесници и неповторлив звук, а воедно и најголема журка на отворено, рекоа организаторите на концертот на битолскиот камерен оркестар.
Камерниот Оркестар на Битола на “Electro symphony“ ги исполни најпознатите диско, поп, електро хитови на сите времиња.
На концертот настапија над 40 музичари, на комплетно нова сцена, со кои диригираше Владимир Димовски.
Како солисти настапија: Маги Џанаварова (Бугарија), Сара Мејс, Ели Раданова (Бугарија), Агни Авшар, Светлана Јовановска и Огнен Box Beater.
За атмосферата пред и после концертот ќе се погрижат диџеите Ile The Hair, C- pure и Berryquat.
Концертот е во рамките на БитФест 2019, а беше помогнат и од Министерството за култура и Центарот за култура на Битола.
Текст и фото: Сашо Ристевски

Три илјади битолчани уживаа во “Electro symphony“ на Камерниот оркестар, на ракометно (мега фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Во Битола затворен “Танц Фест 2026“ со изведба на “Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена (видео+фотогалерија)
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)





