Press "Enter" to skip to content

Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)

-Група студенти на Педагошкиот факултет од Битола на групата Англиски јазик и книжевност, под менторство на проф. д-р Силвана Нешковска го преведоа на англиски јазик романот „Три Марии“ од македонската современа писателка Оливера Ќорвезировска. 

Кога посветено и со ентузијазам се работи со студенти кои се желни за знаење и освојување на нови простори, резултатот е неминовен.  Преведениот роман беше промовиран на Педагошкиот факултет-Битола, во присуство на авторката Ќорвезировска и директорката на издаваштво – Бранка Бугариска од издавачот на романот Арс Ламина. За студените Стефани Ралоска, Стефани Лингуровска, Михаела Апосолоска, Катерина Станојоска, Ивана Начоска, НадицаНиколоска – Филипоски и Мане Николоски преводот на „Три Марии“ е многу повеќе од академска задача, туку и можност да ја доближат македонската литература до пошироката публика и да согледаат колку книжевноста и преведувањето бараат љубов, внимание, посветеност и трпение.  Одлуката да се избере токму овој годинава најнаградуван македонски роман студентите преведувачи ја објаснуваат:-Оваа книга нè привлече уште од првото читање со својата блискост, емоционалност и човечка искреност. Во неа препознавме теми што се универзални и секому блиски, а особено нам како млади луѓе пред кои стојат бројни животни одлуки и предизвици – а тоа се љубовта, односите меѓу луѓето, разочарувањето, личниот избор и внатрешните чувства што понекогаш остануваат докрај неискажани. Токму затоа изборот на романот „Три Марии“ за нас не беше само текст за превод, туку приказна што се доживува лично, приказна со која можевме интимно да се поврземе. Она што не привлече беше тоа што романот наместо едноставни одговори, поставува суштински прашања како на пример: ,,Колку сме подготвени да се жртвуваме за сопствената среќа и каде започнува и завршува верноста кон другите?”; ,,Kаде започнува и завршува верноста кон самите себе?Авторката Ќорвезировска со емоции и благодарност, на промоцијата ја потврди својата возбуда и задоволство од фактот што група млади студенти, заедно со својата професорка одлучиле да го преведат нејзиниот роман, итоа пред тој да ги добие наградите и признанијата. Значи,станува збор за препознавање и воспоставување првична комуникација со текстот, од што секој автор би бил почестен – подвлече Ќорвезировска.Инаку, ова е четврт ваков проект на Педагошки факултет, со тоа што проф. д-р Силвана Нешковска, нагласи дека станува збор втор  целосен превод на едно дело, по преводот на романот „Скршени крила“ од Милјана Павловска. Студентите го избра е  романот веднаш по неговотообјавување, кога тој  беше добитник на Рациновото признание за 2025 година, без да претпостават дека наскороќе освои и други престижни награди, меѓу кои „Стале Попов“ и „Роман на годината за 2025“, како и признанието „Автор на годината“ за авторката.Во промоцијата на преведениот роман покрај Педагошкиот факултет, коорганизатор беше и Македонското научно друштво – Битола, кое континуирано поддржува активности насочени кон афирмација на книжевноста и домашните автори.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »