Одбојкарките на македонската кадетска репрезентација ги завршуваат подготовките во Битола за наредниот балкански шампионат. По седум дневните подготовки во салата на Медицинското училиште вчера го имаа и првиот тест натпревар.
Прв противник им беше екипата на Пелистер Волеј, која ја победија со 2:1 по сетови.
Двајцата тренери на Македонската репрезентација и Пелистер Волеј се задоволни од тоа што беше одиграно во оваа фаза на подготовки, бидејќи играа прв натпревар.
Денес репрезентацијата го игра првиот натпревар од двомечот против репрезентацијата на Косово, попладне и утре наутро.






