Press "Enter" to skip to content

Се расчистува старата филтерница на “Водовод“ која долги години ја “напиваше“ Битола со вода (фотогалерија)

Деновиве екипи на јавното комунално претријатие “Водовод“ покрај редовните активности кои ги имаа во овие летни горештини, кога температурата беше околу 40 степени целзиусови и потрошувачката на вода го достигна летниот максимум, се зафатија за уредување на дворот на старата филтерница, која е стара повеќе од 40 години.-Ова место е едно од позначајните за Битола бидејќи преку неа се филтрирала водата за цел град и биле можеби најзначајната карика од ланецот за снабдување на градот со вода. Сега за жал е во лоша состојба и се одлучивме малку да го разубавиме местото, да ја откриеме филтерницата. Откако е направена новата филтерница, старата е оставена на забот на времето, обрасната со треви, оштетена внатрешност…, вели директорот на “Водовод“, Горан Козаров, кој ја потегна иницијативата за уредувње на дворот околу старата филтерница, а машините се веќе на терен и се расчистува.За идните планови на “Водовод“ за старарата филтерница, Козаров додава:-Ова е преубав објект и е жалосно што е во ваква состојба, а многу важен за историјата на Битола и секако стратешки објект за нашето претријатие “Водовод“. Некои посебни планови за старата филтерница немаме, сакаме само да ја исчистиме и да се гледа. Оваа наша иницијатива, еве нека бида повод за предлози за тоа како да биде филтерницата од утре натаму. Сега кога е заборавена од времето, да ја откриеме, да ја видиме убавината на објектот, да се потсетиме на важноста на објектот за Битола. Ова нека биде прв чекор за одржување на старите и значајни објекти за градот, не само филтерницата, туку и останатите, како старата бања кај Чинарот, некогашните скривници, делови од касарната…Сега во старата филтерница се наоѓа хидро централата на “Водовод“.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »