По завршувањето на прославата, пред управната зграда на рудникот “Суводол“ во РЕК “Битола, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, беа во посета и на термоелекраните на РЕК “Битола“.
Нивни домаќини беа генералниот директор на РЕК “Битола“ Златко Ќурчиевски и Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.
Поглаварот и министерот од страна на Ковачевски и Ќурчиевски беа информирано со основните податоци за Комбинатот и им беа покажани трите термоелектрани.
Потоа ја посетија и “Блок командата“ на РЕК “Битола“ каде се интересираа за некои информации побрзани со работењето на Комбинатот и “Блок команда“.
Посетата ја завршија во кабинетот на генералниот директор на РЕК “Битола“ Златко Ќурчиевски.

По прославата во Рудникот, поглаварот и министерот во посета на “термото“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





