Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: зошто му дозволуваме на другите луѓе да не ограничуваат?

Никој не сака да го ограничуваат, но често се случува да се согласиме на тоа. На пример се согласуваме да се дружиме со пријател кој постојано не оспорува и сака да биде во право. На врска со партнер кој ги игнорира или исмејува нашите успеси, или ја трпиме својата мајка  како ни држи предавања како да се однесуваме. Често заради ограничувања и се согласуваме да живееме половично и неавтентично. Но, на ограничувања се сложуваме во име на нешто што ни е значајно или ни се чини значајно.

Така  често се случува да се сложиме на ограничување од партнерот за да се задржи фамилијата која ни пружа сигурност. Исто така во пријателските односи некоја личност во име на долгогодишно пријателство ќе се сложи на ограничувања кои му ги наметнува пријателот. Сето тоа  заради опстанок на пријателството, врската. Исто така   и во однсоите со соработникот на работа. Ако се почуствуваме дека некој не ограничува, можеме тоа да го доживееме како фрусрација, намалување на  сила или сликовито кажано, како да не притиска  стаклен строп над главата не ограничува да бидеме големи колку што можеме да бидеме.

Кога некој не ограничува имаме чувсто дека не сме какви  што сме туку мораме да се преобликуваме за да се вклопиме воп нечиј свет. Зошто понекогаш од нас извира потреба да ги ограничуваме другите луѓе? Зошто се согласуваме на ограничување? Како да се извлечеме од зачараниот круг кој не навлекува во друг?

Сите сме биле од една или друга страна барем накратко.- како е тоа да се почуствуваш ограничен и како е тоа да имаш потреба да ги ограничуваш друг. Потребата за ограничување можа да извира од различни слабости и трауматични доживувања:

-сопругот од страв да не ја изгуби сопругата  може да ја ограничува во нејзината кариера

-мајката заради трауми (разочарувања, силување) ја ограничува ќерката тинејџерка да се дотерува и излегува, да се дружи,

-таткото бивш спортист , кој не може да поднесе спортскиот успех на својот син.

Причините се едноставни, тоа е страв од губење на некоја личност. Така  често се случува да се сложиме на ограничување од партнерот за да го задржиме, а тука и  фамилијата која ни дава сигурност. Да го задржиме пријателот во  име на долгогодишно пријателство ќе се сложи на ограничувања кои му ги наметнува пријателот.

Најчеста причина  што се сложуваме на ограничување е одржување на однос, посебно ако таа на тој начин го одржува односот.  Ако  личноста престане да биде ограничиувана  така престанува и односот. Меѓутоа нужно е понекогаш за се задржиме себеси како личност со свои лични права и да направиме чекор кон успех и креативност, подобро родителство, или поврзување со нов круг на пријатели. Понекогаш пак, не е потребно да го прекинеме односот, туку само да престанеме да се согласуваме на ограничувања.За да можеме тоа да го направиме мораме да го одвоиме својот проблем од проблемите на личноста која не ограничува. Имено, ако им допуштаме на другите да не ограничуваат тогаш проблемот лежи и во нас. Тоа може  да потекнува од:

-претерана добрина која личноста ја претвора во жртва,

-ако постојано сме научени да се занимаваме со туѓите чувства, а да  ги занемаруваме своите или

-неможност за изразување на лутина и поставување на граници.Сето ова лежи во тоа начинот на воспитување на личноста. Клучот не е промена на другите туку на себе. Понекогаш е доволно да оној кој не ограничува почуствува дека не може повеќе да не ограничува и со тоа да се помири, меѓутоа и тоа е ризик кој ќе го помести односот од вообичаената динамика. Затоа многу интересно  е и да согледамне дали некои односи не ограничуваат, или од друга страна, чувствуваме ли понекогап потреба некој да ограничиме.

Клучот не е промена на другите туку на себе и затоа да се обидеме да станеме свесени за овие работи:

-несовршени сме и склони сме да се сложиме на туѓи ограничувања. Ако тоа не можаме да го признаеме, можеме да истражуваме кои чувства не наведуваат кон тоа и кога го правиме тоа,

-можеме да избереме луѓе со кои можеме подобро да се поврземе, кои немаат тенденција да не ограничуваат, туку да не ослободуваат, инспирираат, поттикнат за понатаму и повеќе,

-што повеќе пријателски и квалитетни односи имаме, поквалитетно живееме,

-исто така можам да го освестиме срамот, несигурноста, отфрленоста сите други непријатни чувства, кои не поттикнуваат да се обидеме да ги ограничиме другите.

Во секој случај, клуч за излегување од чувство на ограчичување, не е во менување на оние кои не ограничуваат туку во промена на своето однесување. Од друга страна добрата поврзаност со другите и низ што растеме не прави да се чувствуваме добро. Испитување на своите лични граници и можности колку сме способни да се поврземе со другите, може да ни помогне да границите малку по малку ги шириме и зголемуваме можноста за поврзување со другите. А секој однос е нова димензија. Квалитетен однос е квалитетна димензија. Што повеќе квалитетни односи имаме, толку повеќе чувствуваме дека живееме.