Press "Enter" to skip to content

“Bitola Mini Maker Faire”- изложба на изуми, креативност, технологија, уметност, рачна изработка и забава (фотогалерија)

Најголемата изложба на изуми, креативност, технологија, уметност, рачна изработка , како и забава за сите возрасти, денес се случува во Битола. „Bitola Mini Maker Faire” е во организација на Американското катче во Битола, заедно со Амбасадата на САД во нашата држава и со поддршка на Општина Битола.“Maker Faire“ е уникатно искуство, собир на ентузијасти за технологија, изработувачи, едукатори, хобисти, инжинери, научни клубови, автори, уметници, ученици и останати изложувачи од сите возрасти.Овој саем ги презентира мејкерите кои истражуваат нови форми и нови технологии, но исто така ги негува и иновацијата и експериментирањето низ целиот спектрум на науката, инжинерството, уметноста и рачните изработки.“Maker Faire“ е собир на фасцинантни и љубопитни луѓе кои уживаат да учат нови нешта, но кои, исто така, сакаат да споделуваат и што знаат.Саемот на иновации и креации, денес го посети и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која имаше можност да разговара со повеќе ентузијасти во областа на технологијата, инжинери, претставници од научни клубови, автори, уметници и други иноватори од целата држава кои ги презентираа своите дела.Овој тип на саем се организира од 2006 година во Америка, а потоа се шири и во Токио, Рим, Шенжен, Тајпеј, Сеул, Париз, Берлин, Барселона, Детроит, Сан Диего, Милвоки и Канзас Сити.