Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчани се степале во Охрид, повреден ловџија во лов на диви свињи

На 08.09.2019 во 13,30 часот во СВР Охрид, Н.Б. (19) од Битола пријавил дека на улица “Коста Абраш’’ бил физички нападнат од Е.В. (21) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2019 околу 22,30 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Габалавци, битолско на место викано „Бакици-нива“, Р.М. (38) од с. Габалавци заедно со Љ.Н. (56) и Г.А. (33) и двајцата од с. Логоварди, битолско се упатиле кон нива сопственост на Р.М. Љ.Н. со себе понел и ловечка пушка за која поседувал дозвола со цел лов на диви свињи. Кога стигнале на местото на настанот Г.А. останал во патничкото моторно возило во сопственост на Р.М., додека Р.М. и Љ.Н. се упатиле кон нивата, при што околу 23,00 часот, според пријавеното, Љ.Н.  испукал кон Р.М., според пријавеното, од невнимание. Р.М. бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од  СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Mission News Theme by Compete Themes.