Press "Enter" to skip to content

Реакција на “Водовод“ по изјавата на командирот на ППЕ дека хидрантот не работел (фото)

По изјавата на командирот на ТППЕ од Битола, Костадин Поповски, дека гаснењето се одвивало отежнато бидејќи хидрантот кој се наоѓал во близина на објектите кои гореле не работел, па биле приморани вода да носат од противпожарната единица, со реакција, вечерва, од самото место се јави директорот на КЈП “Водовод“, Горан Козаров.-Не е точно дека хидрантот кој се наоѓа пред зафатените од пожар дуќани не работи. Еве гледате и сами дека е работи и од него може да се интервенира. Веднаш до него на само 5 метри се наоѓа уште еден худрант, подземен, кој исто така работи. Двата се во исправна состојба, рече Козаров, кој заедно со техничкиот директор и екипа на “Водовод“ пред новинарите и други лица во чаршијата го пуштија хидрантот и додаде:-Нас како претријатие никој за време додека беше активен пожарот за време од три часа, не не извести и никој од нас не побара помош. На само што ќе го ставевме во функција овој хидрант, туку и од другата страна на реката Драгор има уште еден хидрант во близина. Покрај тоа “Водовод“ имаме и пумпи за вода со кои можевме да пумпаме вода од реката и да помогнеме во гаснењето на пожарот.

Пожарот започна да гори околу 13 часот, а беше целосно изгаснат во 16 часот.

Mission News Theme by Compete Themes.