Press "Enter" to skip to content

УМС на  ВМРО-ДПМНЕ со трибина за 8. Септември, “Изгреј зоро на слободата“ (фото)

Во организација на УМС на  ВМРО-ДПМНЕ од Битола, во малата сала на Центарот за култура во Битола, синоќа беше органицирана трибината “Изгреј зоро на слободата“ во чест на 8 септември,  Денот на независноста на Македонија.Свое обраќање имаа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев. председателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Јован Јаулевски председателот на УМС од Битола -Марко Јосифовски, кои рекоа: да ни е честит и вековит денот на независноста 8. Септември. Да останиме достојни на нашите корени, за утре посилни да можеме да влезиме во нашата иднина.На трибинита, исто така зборуваше и историчарот од Битола, Ѓорги Чекутков, кој  истакнаа дека 8 септември е вековен стремеж и борба на плејада македонски генерации борци за Независна Македонија.