Press "Enter" to skip to content

Петар Николовски во наредните две години ќе ги води младите на СДММ

Петар Николовски е новиот претседател на СДММ Битола, по денешниот избор на редовна конференција на СДММ, која се одржа во просториите на ОО на СДСМ во Битола, а довербата му е дадена едногласно.Николовски е истакнат член на СДММ од Битола и во наредните две години ќе ја извршува оваа функција. 

На конференцијата беше присутно дел од општинското раководство на СДСМ – Битола, дел од поранешните претседатели на СДММ – Битола, како и генералниот секретар на СДММ – Виктор Велевски, потпретседателот на СДММ – Никола Рилак и членот на извршниот одбор на СДММ – Марко Спиркоски.

 На конференцијата исто така беа избрани и извршниот и надзорниот одбор.