Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција на Еурофарм Работник пред првиот натпревар од Лигата на Шампиони ( фото)

На два дена, според строгите критериуми на ЕХФ кога е во прашање Лигата на Шампиони, Еурофарм Работник ја исполни првата медиумска обврска и ја организира прес-конфенцијата на која зборуваа тренерот Стевче Алушевски и капитенот Гоце Ојлевски.

Повод беше престојниот натпревар, кој ќе се одигра во недела со почеток во 17 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“, против поругалскиот претставник Спортинг. Спортинг е на хартија најсилната екипа во групата Ц и од исходот на првиот натпревар ќе зависат многу работи во групата. 

На пресот тренерот Алушевски за овој историски натпревар за клубот и градот рече:-Чест ми е што ќе бидам дел од дебито на клубот во Лигата на шампионите, а по долг период од петнаест години, Битола ќе гледа ракомет од највисоко ниво. Ние сме подготвени за овој натпревар, но немавме среќа со ждрепката и ќе играме на стартот со најсилната екипа во групата. Добро го анализиравме Спортинг, играа четири официјални натпревари и забележаа четири победи, имаат нов тренер, играат брзо, препознатливо. Нашите анализи покажуваат дека можеме да изненадиме в недела, но не можам да откријам нипто повеќе, за нашата против-игра.В недела Алушевски ќе го има на располагање и новото засилување Отроушко, за што вели:

-Остроушко беше еден од клучните ракометари минатата сезона и радосен сум што се врати. Штета што доаѓа без натпреварувачки ритам, но сигурно ќе го користиме во текот на сезоната, а и очекувам да добие шанса уште в недела. Имаше проблем во новиот клуб во Романија со работната дозвола, малку е вон тренажен процес, но тој лани со Кузмановски беше носител на играта и ќе биде од корист за тимот.

Капитенот Гоце Ојлески го најави натпреварот против Спортинг Лисабон, со доза на оптимизам и претплазливост.-По дебито во СЕХА лигата, ни следи нов воведен натпревар. За нас голема чест е што сме дел од Лигата на шампионите и што се натрпеваруваме со најдобрите во Европа. Спортинг е фаворит, не само на овој натпревар, туку и во групата, добро сме подготвени и можеме да го изненадиме Спортинг, вели капитенот, кој додава дека во тимот има позитивна енергија и сите со нетрпение го чекаа првиот натпреавар од лигата на Шампиони.

Еурофарм Работник очекува и одлична организација на овој прв натпревар од Лигата шампиони, со оглед на тоа што клубот минатата сезона, со организацијата на групната фаза на Лигата на шампионите, клубот ги положи сите тестови со највисоки оценки, одлично го организираше и првиот натпревар од СЕХА лигата.Португалскиот ракометен гигант Спортинг во Битола доаѓа со чартер лет од Лисабон сабота попладне во Скопје, па со автобуски превоз до Битола. Досега Спортинг има две победи во исто толку одиграни натпревари. Тренерот на Спортинг Тјери Анти, знае како е да се игра против македонски екипи и каква е атмосферата на трибините. 

-Многу е тешко да се игра во Македонија бидејќи навивачите се вистински фанатици. Затоа секој наш ракометар мора да биде максимално концентриран. Мислам дека мораме на повисоко ниво во споредба со домашното првенство, рече Анти.

С. Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.