Фудбалскиот клув Јени Маале од Битол денес организира крводарителска акција која е уште едно продолжение дека клубот негува вистински вредности, заедништво и солидарност.
-Уште еднаш покажавме дека нашата сила не е само на фудбалскиот терен, туку и во хуманоста и подготвеноста да помогнеме таму каде што е најпотребно. Затоа што да се биде дел од ФК Јени Маале не значи само да се игра за клубот, туку и да се биде дел од едно семејство кое знае да подаде рака и да помогне. Една капка крв може да спаси живот!, порачаа од ФК Јени Маале.
На крводарителската акција имаше претставници од секоја позиција во тимот, почнувајќи од голманот, па се до нападот, така што и во давањето крв запазија некоја формација.











