Универзитетот “Св. Климент Охридски“ денес ќе запишува студенти во вториот уписен рој на сите факултетит, а според објавениот повик има 2.000 слободни места. Од нив во државна квота слободни се 873 места, 646 се за студирање со кофинансирање и 481 место е за вонредни студенти.
На Технички факултет-Битола слободни се уште 396 места,
ФИКТ-Битола може да запише уште 287 студенти,
на Економски факултет-Прилеп слободни се 239 места,
на Факултетот за безбедност во Скопје има можност за упис на уште 224 бруцоши,
на Правен факултет-Кичево може да се запишат уште 160 студенти.
на ФТУ-Охрид огласени се 178 места,
на Технолошко-технички факултет во Велес може да се запишат 53 кандидати,
на Педагошки факултет во Битола има место за уште 125 студенти,
на Ветеринарен факултет-Битола слободни се уште 33 непополнети индекси.
на Биотехничкиот факултет за упис се огласени 142 места.
Од УКЛО-Битола информираат дека ако по вториот уписен рок што се реализира на 13 и 16 септември останат слободни места, тогаш на 24 септември ќе се спроведе и трет уписен рок.






