Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведени четворица кубанци кои илегално ја преминувале границата кај Драгош

На 13.09.2019 во 11.15 часот во село Драгош, битолско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор “Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р. (23), М.П.Ј., Д.Л.Ц. (22) и М.Р.А. (26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница.

По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле на Граничниот премин „Табановце“.

Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.