Press "Enter" to skip to content

Во дебито во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник “падна“ на искуство (фотогалерија)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СПОРТИНГ   29:30 (16:15)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 2.500. 

Судии: Курсад Ердоган и Ибраим Оздениз од Турција. 

Делегат: Томо Водопивец од Словенија.

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Митревски, Трајкоски, Ојлески, Маркоски, Маџовски 2, Чурлевски, Стјепановиќ 4, Радовиќ 3, Шевелев 4, Јотиќ 5, Вегар, Кукоски, Остроушко 5, Граџан 2, Кузманоски 1

СПОРТИНГ: Чудиќ, Вејтија 2, Араухо 4, Виеира, Руесга 5, Марцо 2, Роча, Карнеиро, Ван Зелер, Тавареш, Гашпар, Бинго 3, Јонеа 10, Младеновиќ, Никчевиќ 1, Фраде 3.Не се повтори СЕХА лигата на отворањето на Лигата на Шампиони во првиот деби натпревар, иако ракометарите на Еурофарм Работник заслужија нешто повеќе отколку чесен пораз против фаворитот Спортинг.  Ракометарите на Еурофарм Работник одиграа две различни полувремиња, за на крај да биде пресуден квалитетот  и искуството од играње на вакви натпревари.“Фармацевтите“ имаа резултатска неизвесност, од +2 гола, но Спортинг успеваше да дојде до израмнување, па и до водство. Но ракометрите на Еурофарм Работник, не се предаваа и на крај на првиот дел завршија со гол предност (16:15).На отворањето на вториот дел Спортинг се наметна во играта, а ракометарите на Еурофарм “бркаа“ негатива, но со малку голови и грешки тешко стигнуваа. Гостите во завршницата имаа и +3, но Еурофарм Работник во последната минута стигнаа -1 (28:29, но во последниот на гостите погодија за 28:30, а на крај да заврпи со голот на Расовиќ за 29:30. Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушевски им ја честита победата на гостите и додаде:-Кога сакаме да играме на ова ниво во Лигата на шампионите треба да имаме многу повеќе креација во нападот. Ние тоа денес го немавме. Грешевме од чисти позиции, а тоа противникот знаеше да казни со контри и полуконтри. Мислам дека тука е разликата во мечот, но со мирни глави да продолжиме напред и веќе вечерва патуваме за Шведска.Ловро Јотиќ се осврна на техничките грешки во второто полувреме:

-Спортинг одигра одлично и заслужено ги освои бодовите. Ние за жал не успеавме да победиме, иако одигравме одлично прво полувреме. Во второто направивме многу технички грешки во нападот, а екипа како Спортинг не го простува тоа и соодветно нè казни. Честитки за моите соиграчи за борбената игра, како и за фановите кои нè бодреа до самиот крај.