Press "Enter" to skip to content

Од утре почнува зонско паркирање

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола, Ве известува дека од понеделник 16.09.2019 година, отпочнува со наплата на паркинг услугите на зонското паркирање на предвидените паркинг простори во трите зони А, Б и Ц.

Граѓаните ќе можат да го регулираат своето паркирање со испраќање на СМС порака, со купување на билет за паркирање или со поднесување на барање за добивање на повластена паркинг карта. Наплатата на услугите ќе се врши согласно новиот ценовник.

Цената на паркинг услугата во зона А изнесува 30 ден за паркирање од 2 часа плус 25 ден секој нареден час. Во зона Б – 20 ден за паркирање од два часа плус 20 денари секој нареден час. Зона Ц 30 денари паркирање цел ден.

Наплатата на паркинг услугите ќе се врши во период од 7-21 часот од понеделник до сабота. За време на недела и државни празници нема да се наплаќа услуга за паркирање.

За сите дополнителни прашања и информации кои се однесуваат на режимот, наплатата и регулирањето на зонското паркирање, граѓаните можат да добијат информации на телефонскиот број  047 222 999, на e-mail: jppjlp.bt@gmail.com, или во просториите на ЈППЈЛП Битола на ул. Солунска 83-а Битола.

ЈППЈЛП Битола, директор, Зоран Дојчиновски

More from ВестиMore posts in Вести »