Press "Enter" to skip to content

Свечено отворено 40-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” (фотогалерија)

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Стево Пендаровски, кој му ја врачи наградата „Златна камера 300“ за животно дело на реномираниот американски кинематографер, Едвард Лакман.Честитајќи го 40-годишниот јубилеј на фестивалот, претседателот Пендаровски истакна дека тој е резултат на истрајноста и неуморниот ангажман во изминатите четири децении на сите коишто се вклучени во организацијата и во селекцијата на програмата. Со тоа, како што рече Пендаровски, доследно и посветено е чувано наследството коешто го оставија Јанаки и Милтон Манаки.-Врската меѓу еден режисер и кинематографер не е како брачна заедница, туку тие се како танцови партнери, и важно е дали ја слушаат истата музика, рече Лакман истакнувајќи дека по еден ден поминат овде чувствува колку е прекрасен овој фестивал. Тој ги спомена Свен Никвист и Роби Милер кои се лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“, а кои биле негови учители.Во име на градот домаќин гостите ги поздрави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.Јубилејното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Центарот за култура во Битола се отвори вечерва со најновиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава“, остварување кое е дел од главната фестивалска конкуренција – Компетиција Камера 300.На проекцијата присустуваше кинематограферот на филмот, Хозе Луис Алкаине, кој е и прв пријател на Алмодовар, а воедно и лауреат на „Златна камера 300“ на 34. издание на фестивалот во 2013 година. Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска, рече дека за нив, овој филм на Алмодовар е морален победник на фестивалот во Кан.Свеченото отворање, како и секое претходно, започна со познатите црно-бели снимки од почетокот на 20 век на првите филмски сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки. Воедно, пред публиката беше прикажана мала ретроспектива на фестивалот низ годините.Свои обраќања на свеченото отворање имаа Хусни Исмаили, министерот за култура, Најџел Волтерс, претставник на ИМАГО, Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот и познатиот ирски драматург, режисер, сценарист и продуцент Џим Шеридан, како претставник на Европската филмска академија (ЕФА).Првите четириесет се најтешки, тоа е мотото на луѓето од организацијата на фестивалот. Македонската кинематографија имаше неверојатната година со продукција на седум долгометражни филмови, но ДФРМ годинава загуби и пет филмски легенди меѓу кои Кирил Ценевски и кинематограферот Драган Салковски“, рече претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија Игор Иванов – Изи.Иванов-Изи на композиторот Љупчо Константинов му ја врачи наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ – годинашен добитник на ова признание. Константинов е композиторот на култните филмови „Среќна нова ‘49“, „Тетовирање“, „Црвениот коњ“…Триесет и пет (35) авторски музики за филм направи Константинов и работеше со најголемите режисери во Македонија“, додаде Иванов – Изи предавајќи му ја Златна ѕвезда на Константинов кој се заблагодари за наградата.Пред почетокот на фестивалот беше поставен перформанс од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ.

More from БитолаMore posts in Битола »