Press "Enter" to skip to content

Од денес се плаќа паркинг насекаде (фото)

По започнувањето за користење на паркинг на паркинзите каде има поставено рампи и автомати за пријавување на паркирањето, од денес јавното претпријатие за паркинзи наплаќа и за паркирање на паркинзите кои се обележани, а не се затворени.

Од денес битолчани ќе плаќаат паркинг на трите зони “А“, “Б“ и “Ц“. Наплатата  на паркинг се врши со испраќање на СМС порака или пак со купување на билет за паркирање од лицата кои тоа го прават на самото место, за период од 7 до 21 часот.

Првите 15 минути не се наплаќаат, односно возачите можат 15 минути да паркираат бесплатно, а се наплаќа од 7 до 21 часот, а во неработни денови паркирањето е бесплатно.Сопствениците на возила кои живеат во местата каде е предвиден паркинг простор кој се користи со наплата имаат право да добијат повластена паркинг карта.

Новиот ценовник предвидува дека паркинг услугата во зона “А“ изнесува 30 ден за паркирање од 2 часа + 25 ден секој нареден час.

Во зоната “Б“ цената е  20 ден за паркирање од два часа + 20 денари секој нареден час.

Во зоната “Ц“ цената на паркирање е  30 денари цел ден.