Press "Enter" to skip to content

Смртоносен пад од орев во Стрчин

Вчера во несреќен случај го загуби животот К. Н. роден 1962 година откако паднал од дрво, во месноста Стрчин.

Според очевидците на настанот починатото лице паднало од оревот од каде берело плодови, што било причина за смртта.

На на местото на настанот бил направен увид од надлежните за тоа институции.

Во есен се зачестени ваквите несреќи кои се случуваат на високи дрвја, најчесто орев и костен, при берба на плодови, а додека во пролет тоа се случува при пад од цреши.

More from ВестиMore posts in Вести »