Press "Enter" to skip to content

ЈП “Пазари“ продолжува со реализација на еколошките проекти, на ред е фотоволтаична централа

ЈП “Пазари“ е на во завршна фаза за реализација на проектот со кој ќе го продолжи трендот за заштита на човековата средина и секако од сето тоа да има економски бенефит за ова градско јавно претпријатие.

По двата успешно реализирани “зелени“ проекти во зелениот пазар во Битола, за осветлување и греење,  ЈП “Пазари“ за брзо време ќе започне со реализација на третиот, а тоа производство на електрична енергија од сонце, или изградба на фотоволтаична централа до 20KW. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 1,1 милиони денари.

Фотоволтаична централа ќе биде лоцирана на покривот на дел од павилјоните во пазарот, за што веќе е добиено и решение од Министерство за животна средина и просторно планирање за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина.

Директорот на ЈП “Пазари“, Владе Атанасовски за овој, за брзо време, трет еколошки проект и за фазите на реализација вели:

По изработката идејниот проект и објавивме тендер за поставување на фотоволтаични панели до 20 КW на Градскиот пазар во Битола. Прво беше иработен елаборат за заштита на животната средина поднесен, кој за одобрување го поднесовме до Министерството за животна средина и просторно планирање. Сега елаборатот е одобрен и добивме решението. Проектот е изготвен и ќе биде доставен до Министерство за економија, односно до Комисијата за енергетика, по што за брзо ќе следи и конкретна реализација на терен.

 

More from ВестиMore posts in Вести »