Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 10 часот ја закажа 40. седница на Советот на Општината Битола.
На дневен ред има предложени 29 точки, а прво советниците ќе расправаат и ќе донесат одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот, за годишните одлуки на градинката “Мајски цвет,“ за зголемување на платите на вработените во “Водовод“ и “Нисмоградба“…
Комплетниот дневен ред е:
1. Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Битола за 2019 година.
2. Годишен извештај за работата на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Мајски Цвет“ Битола за 2018/2019 година.
3. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Мајски Цвет“ Битола за 2019/2020 година.
4. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2019 година.
5. Програма за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Битола за сезоната 2019/2020 година.
6. Одлука за поништување на Одлуката за кофинансирање (учество) на општина Битола за исплата на средства во висина на 279.378,00 ден. на име на ДДВ (данок на додадена вредност) за одобрени средства во висина на 1.535.436,00 ден. на општина Битола од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на РСМ преку Пелагониски плански регион за реализација на проект за „Изградба на улици во населено место Долно Оризари-општина Битола“ и проект „Означување на културни и природни знаменитости во подпелистерските села“ во Општина Битола Бр.09-89/10 од 04.07.2019 година.
7. Одлука за кофинансирање (учество) на Општина Битола за исплата на средства во висина на 59.760,00 на име на ДДВ (данок на додадена вредност) за одобрени средства во висина на 332.000,00 денари на Општина Битола од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РСМ преку Пелагониски плански регион за реализација на проектот за „Означување на културни и природни знаменитости во под пелистерските села – Општина Битола“.
8. Одлука за кофинансирање (учество) на Општина Битола за исплата на средства во висина на 276.378,00 на име на ДДВ (данок на додадена вредност) за одобрени средства во висина на 1.535.436,00 денари на Општина Битола од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РСМ преку Пелагониски плански регион за реализација на проектот за „Изградба на улици во населено место Долно Оризари – Општина Битола“.
9. Одлука за измени и дополнување на Одлуката за формирање на Штаб за заштита и спасување на Општина Битола Бр.09-24/13 од 13.03.2018 година.
10. Годишен план за вработување во општинската администрација на Општина Битола за 2020 година.
11. Годишен план за вработување во ЈОУДГ „Мајски Цвет“Битола за 2020 година.
12. Годишен план за вработување во ЈПСИЗ Жабени Битола за 2020 година.
13. Годишен план за вработување во ЈКП Водовод Битола за 2020 година.
14. Годишен план за вработување во ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер Битола за 2020 година.
15. Решение за давање согласност на Одлука за покачување на платите за 5% на ЈКП Водовод Битола.
16. Решение за давање согласност на Одлука за зголемување на бодот за исплата на плата на сите вработени во КЈП Нискоградба Битола, бр.02-622/4 од 13.09.2019 година.
17. Измена и дополнување на Решението за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во средните училишта на подрачјето на Општина Битола за учебната 2019/2020 година.
18. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Бистрица во идна урбанистичко планска документација.
19. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Секирани во идна урбанистичко планска документација.
20. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Кравари во идна урбанистичко планска документација.
21. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Цапари во идна урбанистичко планска документација.
22. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Раштани во идна урбанистичко планска документација.
23. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Дихово во идна урбанистичко планска документација.
24. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Нижеполе во идна урбанистичко планска документација.
25. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Олевени во идна урбанистичко планска документација.
26. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Долно Оризари во идна урбанистичко планска документација.
27. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Крклино во идна урбанистичко планска документација.
28. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Крстоар во идна урбанистичко планска документација.
29. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Дихово во идна урбанистичко планска документација.






