СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.А. (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 08.03.2019 на ул.„Север и југ“ во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две дигитални ваги со остатоци од кокаин и пакувања со остатоци од мешавина на кокаин и трамадол.






