Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: еден битолчанец крадел од поштата, друг во Охрид му помагала девојката

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С. (27) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, три дела „тешка кражба“ и две кривични дела „тешка кражба во обид“, против С.С. (49) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „помагање“ и против Ѓ.Б.(47) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „поттикнување“. Во периодот од 11 август до 9 септември 2019, пријавениот одземал пари ,мобилни телефони и други вредни предмети од куќи и апартмани во Охрид. За време на извршувањето на кражбите, второпријавената С.С. вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите, додека третопријавениот Ѓ.Б. со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места.

Вработен во подружница на АД „Пошта на Македонија“ во Битола украл повеќе од 760.000 денари. Според информациите од МВР, осомничениот Д.Ј.(33) од Битола во периодот од 8.06.2018 до 21.02.2019, во повеќе наврати, присвоил износ од 761.558 денари, кои што му биле доверени при извршувањето на работните обврски. Против него е поднесена кривична пријава за проневера во службата.