Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: по расправија ја нападнал сопругата и сообраќајни контроли

На 22 септември во СВР Битола, 39-годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом на ул. “Игнат Атанасовски“ во Битола, по кратка расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Л.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 32 возачи управувале возило без возачка дозвола, 19 возила биле нерегистрирани , брзината ја надминале 64 возачи, двајца возачи зборувале на мобилен додека управувале возило. За сите неправилности издадени се соодветни санкции.