Press "Enter" to skip to content

Необјавени “чкембарски“ фотографии, подарок за 34 роденден на “Чкембарите“ (мега фотогалерија)

Некако како што поминаа 34 години, брзо, од формирањето на навивачката група “Чкембари“ така некако и денес ми помина денот и не стигнав да ги средам фотографиите и да го напишам текстот, но сепак го “фатив“ датумот, денот, 25 септември, роденденот на навивачката група “Чкембари“.Како спортски новинар сум бил присутен на најзначајните спортски настани во градот и надвор, секаде со Пелистер, без разлика дали е ракомет, фудбал, кошарка, а како фоторепортер преку фотографии сум ги пренесувал сите случувања на теренот.Низ годините, секако не останале не фотографирани и навивачите, со кои сум бил и сум пријател во овие 34 години. Прво со основачите сум “генерациски тука“, а сведок на основањето, на првите натпревари, потоа на натпреварите, на пишувањето на паролите, на цртањето на големите знамиња…Оваа мега галерија на мои, авторски “чкембарски“, најголем број необјавени фотографии (ако е некоја објавена никој не се сеќава бидејќи немаше тогаш “фејсбук“ да има “фејсбук мемори“), пред повеќе години, е мој подарок до “Чкембарите“, за 34 роденден, а за до година, за 35 јубилеен, да направиме нешто повеќе.

Сашо Ристевски, спортски новинар и фоторепортер

More from БитолаMore posts in Битола »