Press "Enter" to skip to content

Синдикалците од РЕК “Битола“ најбројни на работничките игри во Ливадиште (дрон видео + фотогалерија)

На синдикалните, спортски игри, кои започнаа на 26 август во авто-кампот “Ливадишта“, најбројна е екипата на синдикалната подружница од РЕК “Битола“, а разбирливо тие очекуваат и најмногу медали и признанија на вечерашното прогласување на најуспешните.-Работничките игри на ЕСМ од година во година привлекуваат се поголем број на вработени кои РЕК “Битола“, а покрај спортистите тука имаме и голем број членови на синкалната подружница кои не се натпреваруваат. Инаку, игрите започнаа на 26 септември, а свеченото отворање беше вчера на 27 септември. Синдикалците се натпреваруваат во машка и женска конкуренција, екипно и поединечно. Вкупно за медали се борат 392 учесници, а вкупниот број на синдикалци на игрите е околу 500. Во женска конкуренција се застапени спортовите одбојка на плажа, пинг-понг, пикадо, фрлање на ѓуле, скок во далечина, крос и баскет, а машките се натпреваруваат во мал фудбал – како најатрактивна дисциплина, одбојка на плажа, баскет, пинг-понг и шах, вели Менде Фидановски, кој за другиот дел од игрите, за дружењето, далеку од тешката работа во елекраните и рудниците, додава:-Дојдовме тука сите да “избегаме“ од секојдневните обврски и тешката работа во електраните, да бидеме опуштени и да се дружиме неформално. Се натпреваруваме во релаксирана атмосфера, да се дружиме и да го зајакнеме спортскиот дух преку спортските активности.

https://www.facebook.com/creativeproductionbitola/videos/2435894680026630/?v=2435894680026630

Игрите за отворени ги прогласи претседателот на Синдикалната организацина на ЕСМ, Јове Смилевски, кој рече:-Традиционално се организираат спортски работнички игри, а ова е втор пат, јас како претседател на Синдикатот, да ги организираме. Се трудиме од година во година да бидат подобро организирани, а тоа и го бараат работниците. Околу организацијата потребно беше време и труд, но сега гледаме дека се функционира одлично и се што е вложено се заборава. Ние како синдикат сме единствени во државата кои вака ги организираат игрите, да се дружат а секако и на спортски план кој е подобар да победи. На спортските игри учествуваат членови на синдикалните подружници од Синдикатот на ЕСМ, а се надеваме дека до година ќе имаме поголем број на спортисти, а покрај нив и гостите кои ги имаме.Како гости на Синдикатот се и членовите на Управниот одбор на ЕСМ, генералниот директор Васко Ковачевски, директорите на подружниците, а Марјан Николов, член на УО на АД ЕСМ, одговорен за комерцијални работи рече:-Ние сме гости, на домаќините, Синдикатот на ЕСМ, кои традиционално, тука во Ливадиште ги одржуваат синдикалните игри. Покрај натпреварите пред се е дружењето, средбите меѓу работниците, со нас директорите, а се заедно е една пријатна атмосфера овие три дена.На игрите има голем број на жени кои се натпреваруваат во неколку дисциплини, а велат дека жените се подобри во пинг-понг и од мажите.Убавка Никловска, член на Управниот одбор на синдикалната подружница на РЕК Битола, додава:-Од година го година се поголем број на жени се вклучени во синдикалните игри, а како и сами рековте во некој спорт сме подобри од мажите. Но, морам да се каже дека овој начин на дружење преку спорт и други активности, кои ги имаме не само за време на игрите, туку и во текот на целата година организирани или помогнати од Синдикатот помагаат полесно да се совладаат тешкотиите кои жените, а секако и мажите, ги имаме во работењето во електраните.Од Синдикалната поружница РЕК “Битола“ на спортските синдикални има две екипи по 55 синдикалци, кои се натпреавруваат во сите дисциплини. Јован Георгиевски, инженер во Рудници, при РЕК “Битола“ очекувајќи го финалето во мал фудбал каде се натпреварува вели:-Има големо ривалство кај сите учесници на спортските игри, а кај мажите тоа е најповеќе во мал фудбал, каде ќе биде најитересно во финалето и во ревијалниот натпревар помеѓу “работниците“ и “директорите“. Имаме одлично време на крајот на септември, што само го подобри одличното расположени кај сите кои сме тука од сите места.Пеце Матевски е дел од екипата на како велат “рековци“ од “термото“, каде работи како машински инженер. Тој за овие три дена вели:-Сите имаме многу обврски на работното место, каде некои работат по стрес поради одговорноста на работата. Ова е еден од начините на кој преку дружење, спорт, малку натпреварувачки дух ќе се опуштиме и ќе ги наполниме батериите за она што не очекува во наредниот период на работните места. Што се однесува пак до самата атмосфера која владее тука и сами гледата на секој чекор насмеани лица, кои се дужат, кои се посветуваат на себе, на пријателите, создаваат пријатели го надоградуваат старото пријателсво.Поради големиот број на учесници и гости на синдикалните спортски игри и неможноста да бидат сместени сите во авто-кампот “Ливадишта“ се сместени во неколку сместувачки капацитети на брегот на Охридското езеро, што за никој не претставува проблем.По вечерашното доделување на наградите, признанијата и благодарниците на најзаслужните за организација на игрите, утре завршуваат и официјално.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »