Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена стара граната, запалена плевна, физички напад, сообраќајни контроли

На 30.09.2019 во 12.15 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување на градежни работи во близина на црквата во с.Трново, битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

На 30 септември околу 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во плевна, сопственост на Т.Д.(69) од с. Вашарејца. Во пожарот изгорела кровната конструкција, поголема количина тутун и житни растенија, како и апарати за домаќинство. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При обид за гасење на пожарот, со повреди се здобил Т.Д. и бил пренесен во болницата во Битола. Увид бил извршен.

На 30 септември во СВР Битола, Г.С. (39) од с.Дедебалци, пријавил дека во основно училиште во Дедебалци, општина Могила, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од друг соученик. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 30 септември извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека девет возачи управувале возило без возачка дозвола, четири возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 17  возачи, 19 возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите прекршоци издадени се соодветни санкции.