На натпреварот во Битола, во рамките на третото коло од СЕХА лигата, “Б“ група, заедно со екипата на Веспрем со чартер летот допатуваа и петнаесетина навивачи.
Навивачите на Веспрем, кои беа сместени на северната трибина на најгормите редови, до крајот на натпреварот ја бодреа екипата, беа доста гласни во салата “Боро Чурлевски“, а секако дека беа смирени од битолската публика, која силно го бодреше тимот на Еурофарм Работник.
Тие не му помогнаа на екипата да победи, но покажаа верност и лојалност кон клубот и кога се назираше поразот во Битола, во последните минути, но и во текот на натпреварот.
Еден од битолчани кои ги поздрави, како домаќин, беше и Папало, кој унгарските навивачит го поканија добриот гест да го овековечат со новинарска фотографија.






