Press "Enter" to skip to content

За пиротехника во Охрид ФК Пелистер казнет со 500 евра, управата со апел за некористење пиротехника

Фудбалерите на Пелистер убедливо со 5:1 го победи Охрид на нивни терен, но радоста на на навивачката група “Чкембари“ кои ги бодреа тимот во Охрид, со запалените “бакљи“, ќе мора парично да ја плати по изречената казна од ФФМ.

Дисциплинската комисија на ФФМ постапувајки по пријава на Комисијата за натпревари, заради користење на пиротехника на натпреварот во Охрид, на стадионот “Бибјанини извори“ на ден 15 сепрември, во рамките на 4. коло од Втората фудбалска лига, го казни ФК Пелистер со парична казна од 500 евра. 

По одредувањето на казната реагираше и управата, а во реакцијата се вели:

-ФК Пелистер им се заблагодарува на своите навивачи за несебичната поддршка во и надвор од теренот, но ги замолуваме во иднина да не користат недозволени пиротехнички средства, за да не добиваме казни. ФК ПЕЛИСТЕР СЕ САКА СО КОРЕКТНО И СПОРТСКО НАВИВАЊЕ. Ви Благодариме. Спортски поздрав.

 

Mission News Theme by Compete Themes.