Денеска во просториите на Кошаркарската федерација беше одржан ждреб за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во машката сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020.
По откажувањето на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, во ПЛМ за претстојната сезона ќе се натпреваруваат десет екипи, Пелистер, Вардар, Кожув, МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар, Куманово 2009, Академија ФМП, Работнички, МЗТ Скопје Аеродром АД, Еуро Никел 2005.
Првото коло од ПЛМ ќе се одигра претстојниот викенд, 12.10.2019, а Пелистер гостува во Куманово.
Двојки прво коло ПЛМ 2019/2020
Куманово 2009 – Пелистер
Вардар – Еуро Никел 2005
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром АД
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
Гостивар – Академија ФМП
По комплетирање на регуларниот дел од сезоната шест екипи ќе напреднат во Супер лигата, останатите четири ќе се надигруваат во плеј-аут лигата.






