Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: и родителството се учи

Што е родителство со почит ? Или како да бидеме свесен позитивен, мирољубив родител?

Има т.н „почитувани родители“ кои велат „јас сум родител и јас сум авторитет во мојот дом и треба да се следат правилата кои јас ги одредувам…да биде како што јас ќе речам. За некои  “ќотекот е од рајот излезен“ и тепањето го оправдуваат со што го сметаат за правилен начин н воспитување бидејќи така се учи детето што е добро, а што е лошо. Сето ова се прави со најдобри намери за да се воспита „добро“ или послушно„Добро дете“ за нив е она кое ќе ги следи правилата на родителите без приговор дете.(пишуваваме во еден претходен текст во рубрика Совети).

За разлика од ваквиот стил на родителство, во последните години во литературата се зборува за родителство со почитување кон децата (respectful parenting)

 Поимот  родителство со почит  или позитивно, мирољубиво, свесно… и има многу значења но едноставно кажано означува

– поврзување,

-комуникација,

-соработка. Овие три елементи заедно со разбирање, респект и љубов се основа за убав и мирен дом вели L.R.Knost.

Почит кон децата или однесување кон нив со иста значајност и позитивен респект како што би сакале да се однесуваат кон нас се карактеристики на родителството со почит. 

Родителството со почит, (позитивно родителство) значи…

Третирање на децата како луѓе

Респект кон децата и третирање како личности со подеднаква важност како и кон возрасни,  а да не ги гледаме како инфериорни.  Да не правиме ништо што е против волјата на детето или правиме избори со кои тие треба да се согласат. Како што тоа не му  наметнуваме на некој возрасен. Се разбира тука не спаѓаат ситуации повразни со здравјето  (медицинска терапија при болест  и сл. некои  опасни ситуации). Но тука да нагласиме дека емпатијата, сочуствувањето со детето е најважна, за да му биде пријатно, удобно при болест.  Да знае дека се грижиме за него и ја разбираме неговата болка, страв.

Еднаквост

Во респектабилни средини возрасните не се „помоќни“ или „посилни“ од децата. Возрасните имаат само повеќе одговорности, но тие не смеат да ја злоупотребат силата, аторитетот и да користат методи на казна, награда, срам, понижување, застрашување… за да влијаат врз однесувањето на своето дете. Треба да го препознаваме доброто без да го извлекуваме лошото. Наместо да изнудиме однесување со казни, (шлаканица, тепање или друг  притисок врз детето, да се трудиме да го моделираме неговото однесување. (Пр канализираме насочуваме неговиот бес, гнев на правилен начин).

Емпатија

Почитување значи да сочуствуваме со своите деца и тоа МНОГУ. Наместо да се обидеме да го поправиме проблемот, да ги монимализираме нивните чувства во смисла немој да бидеш тажен, бесен, гневен..). да ги контролираме, рестриктираме или примена на други „родителски техники“. Само бидете емпатични влезете им во во кожата на детето. Слушајте ги без да завземате страна и обвинувате него или некој друг, за некое однесување или  ситуација. Можеби сакаат само да ги ислушате и да им дадете подршка. Сите деца сакаат да бидат ислушани и разбрани. Што повеќе сте емпатични и НАВИСТИНА ги слушате толку повеќе и ќе ги разберете нивните потреби, желби, чувства и однесувања. Со вашето разбирање вашиот однос станува се поблизок.Тие се  повеќе ќе веруваат во вас и ќе бидат сигурни дека ги разбирате и подржувате.

 Заедничка соработка

Родителите често сакаат нивните деца да се однесуваат како што тие би сакале да се однесуваат. „Добро дете“ за нив е она кое ќе ги следи правилата на родителите без приговор. Родителот со почит или позитеивен е да ги вреднува детето како индивидуа со сите негови сопствени, потреби и желби. При тоа  со соработка заедно да се најде начин да се пресретнат потребите и ако се појави недоразбирање заеднички да се реши проблемот.  Да се најде решение со кое сите би биле среќни, повеќе отколку со сила да се добие што се сака.

Автономија на телото

Ова сигурно е очигледно за многу луѓе. „Ајде оди  да те прегрне, бакне, тета или…  прегрни го новото другарчето и слични ситуаци“. Не би требало да ги донесуваме овие одлуки за нив. Децата го имаат правото да го контролираат своето тело. Возрасните не би требало да ги прават овие одлуки од потсрижување, облекувње до пирсови кај тинејџерите.  Родителите што почитуиваат ја почитуваат автономијата на телото. Децата можат да изберат алишта кои ќе ги облекуваат, каква фризура ќе имаат. Се разбира со правилни совети и насочување се додека не се засега нивното здравје. ( пр. да се облечат неприкладно во зима и сл.). Не би требало да ги донесуваме овие одлуки за нив.

Слобода

Заслужува секој. Таа не би требало да се добива со возраста. Позитивното родителство или со почит  значи подржување на децата и нивната слобода што  повеќе. Тука спаѓа дозвола за време и простор поврзани со нивниот живот. Нема потреба од рестрикции во домот и наметнати  правила освен ако не се поврзани со нивното здравје. За времето на одење во кревет, јадење или да се покриваат од глава до пети…. оставете ги сами да го направат тоа, се разбира со правилен совет за сон, колку долго на мобилен, таблет со технологијата…Се додека  не им  делува негативо и попречува други активности на спиење, учење, дружење. Тие можат да експериментираат и да донесуваат одлуки и да учат од нив.( Да стануваат свесни дека одење доцна во кревет, следниот ден ќе бидат ненаспани).

Тука да го споменеме и  изборот на образование. Како да не може да се раздели родителството од образованието. Родителите треба да го почитуваат изборот на детето дали сака детето да посетува и кои курсеви, спорт или танци… Во  средина со почит се слушаат изборите на детето за образование. Каде ќе го продолжи образованието, избор на факултет.

Искреност и чесност кон детето

Родителството со почит значи да се биде искрен и чесен со своите деца. Требе да им се кажува што се случува за некои ситуации (освен трауматични). Да не измислуваме причини за да прикриваме  од нив само за да ги заштитиме. Секогаш треба да им кажеме што се случува, бидејќи и тие се равноправни членови на семејството. Да учествуваат во донесување на некои одлуки поврзани со семејството, нормално во зависност од возраста. да изберат  Што повеќе тие се способни да разбираат толку подобри луѓе стануваат.

Mission News Theme by Compete Themes.