-Во август 2016 година со голем концерт на ракометното игралиште во Битола “Љубојна“ одбележа 15 години од своето постоење. “Љубојна“ два и пол часа ја забавуваше битолската публика славејќи петнаесет години од своето основање, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Музичката концертна маги ја на “Љубојна“ започна со песната “Крена мартината“ во костурски музички мелос, па следуваше хитот “Мори, чупи костурчанки“, “Филка мома“, “Моме оди за вода“, “Излегов да се мамо прошетам“, а вистинска еуфорија кај публиката предизвика изведбата на песната “Твојте очи Лено мори“.
Специјални роденденски гости на концертот им беа виртуозите, легендарниот Влатко Стефановски и познатиот изведувач на труба Џамбо Агушев.
Дел од средствата, собрани од концертот “Љубојна“ тогаш ги донира за поплавените подрачја во Скопје и околината.
-На концертот во Битола ширевме музика од првиот до осмиот музички албум, па и нешто од деветтиот што не е објавен, а цедето се очекува да излезе во септември, најави тогаш на концертот Оливер Јосифовски.
Публиката уште еднаш до кажа дека на концертите на “Љубојна“ не е само гостин, туку и учесник, и како што вели вокалистката Вера Милошевска таа навикнала кога ќе ја подаде раката, публиката да и возврати пеејќи со неа.

Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
- Мото собир во Битола во организација на МК Конзули, овој пат во градскиот парк (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










