Press "Enter" to skip to content

39 години – Центар (Дом) за култура во Битола (фото)

Со роденденска торта и дување на свеќи за исполнување на роденденска желба, денес во фоајето на Центарот за култура го прославија 39. роденден на оваа значајна културна институција во нашиот град.Изграден од месен самопридонес на граѓаните на општина Битола, Домот на културата, кој пред некоја година беше преименуван во Центар за култура, во далечната 1980 година беше свечено предаден на употреба, во предвечерието на празникот 11. Октомври. Од тогаш до денес во Домот-Центарот за култура се случиле илјадници културни настани на кои се промовирале наши сограѓани или се одржале стотици “големи“ настани, а вработените биле организатори на “Браќа Манаки“, “Илинденски денови“, “Феастивал на музиката“, се пречекувала штафетата на младоста, се одржувале детски фестивали, спортски манифастации, концерти, промоции, политички манифестации, конгреси, ликовни изложби…Директорката на Центарот за култура Маја Андоновска – Илиевски, по повод 39. роденден ја пресече роденденската торта, свекичките ги дувнаа сите, при што ќе каже:

-Денешниот 10 октомври е нашиот ден. Пред 39 години на овој ден, оваа институција ја започна мисијата да биде битолски храм на културата. Таа мисија е успешна приказна низ децениите. Во неа се вградени личности и проекти кои оставиле силни траги. Гледајќи во минатото, мислиме на иднината. Ова е куќа во која се создава и претставува културата. Живее секој ден од 365 денови во годината и додаде:-Денес оваа екипа дувна 39 свеќи на роденденската торта. Замисливме и желба….во годината во која ќе славиме заокружени 40 години да не има со уште повеќе настани и со сите драги луѓе кои биле дел од оваа наша приказна.

More from КултураMore posts in Култура »