Press "Enter" to skip to content

Детски хепенинг на 14. издание на “Широк Сокак во бело- Бела ноќ“ кај Офицерски во Битола (фотогалерија)

Првата вечер од манифестацијата“Широк Сокак во бело – Бела ноќ“ се одржа на платото пред Офицерскиот дом со специјално подготвена програма за најмладите, создавајќи незаборавни спомени во знак на белата ноќ. Првата вечербеше насловена “Детски хепенинг во бело“. Пред најмалдите и нивните родители настапија на загревањето настапи кловнот Заги, а водител на целата прогмата беше “Мими со Југото“.На сцената на платото кај Офицерски настапија: ди-џеј Милолевиќ, се одигра претставата “Распуст лета – школо цвета“.Тука беа и маскотите Мики, Мина, Спајдермен и Капетан Америка, а сите заедно играа со “Експоуз студио“, пееме со песните од детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА“ и Алексеј Ивановски.Органзизаторите за Детскиот хепенинг како дел од програмата на „Широк Сокак во бело“ изјавија: -“Детскиот хепенинг во бело“ помина во одлична атмосфера. Ова е трета година која се одржува и веќе е, можеме слободно да каѓеме, традиција. Настанот е за сите родители кои се забавуваа со своите  најмили дечиња. Со вакви настани, ги поттикнуваме нашите деца да ја негуваат и развиваат љубовта кон градот, истовремено давајќи им можност да ги изразат своите таленти, да учат и да се забавуваат со своите родители и другарчиња, и додаваат:-За сабота вечер се надеваме на преполн плоштад и преубава атмосфера на втората ноќ од манифестацијата “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“. На “Магнолија“, преполн со луѓе облчени во бело, на големата отворена сцена за македонска музика, за различни генерации и за песни што ги знаеме наизуст и некои што допрва ќе ги запееме заедно. Од сетот на DJ Chiko, Никола Зацески и Алексеј Ивановски, преку “Паркети“ и Ѓоко Танески со бендот, до Дац и Александар.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

Фотогалерија: 

https://www.facebook.com/photo?fbid=1689573562881463&set=pcb.1689574146214738

More from КултураMore posts in Култура »