НУ Центар за култура Битола во соработка со Амбасадата на Исламска Република Иран организираат “Недела на ирански филм” од 21-27 октомври 2019 година.
Свечената церемонијата на отворање на “Неделата на иранскиот филм“, ќе биде со проекција на филмот “Коцка Шеќер“ на 21 октомври а 21.10.2019год, а ќе зборува и Н.Е Хосеин Карими – Амбасадор на Исламска Република Иран во Република Македонија.
Неделата на ирански филм се организира за прв пат во Битола, а ќе бидат прикажани седум филмови, во периодот од 21 до 27 октомври со следниот распоред:
21.10.19- Коцка шеќер -19:30 ч.
22.10.19- Не се срами -20:00 ч.
23.10.19- Децата на рајот-20:00 ч.
24.10.19- Кафе транзит-20:00 ч.
25.10.19- Денеска-20:00 ч.
26.10.19- Базен за цртање-20:00 ч.
27.10.19- Каде е куќата на пријателот-20:00 ч.
Сите проекции се во Малата сала, а влезот е бесплатен.






