Во роденденскиот месец на Центар за култура во Битола синоќа во преполната Голема сала на Центарот се одржа голем концерт на ансамблот “Танец“.
Македонскиот ансамбл “Танец“ прославува 70 години од формирањето и постоењето, а оваа година одбележувањето на јубилејто е под мотото “Остани во чекор” со минатото, сегашноста и современите текови.
После турнејата низ неколку македонски градови, а пред големите гостувања во Франција, Шведска и Австралија, “Танец“ во својата јубилена година не ја одмина и Битола.
На сцената на Центарот за култура одржи голем концерт, а врвните уметници на “Танец“, за својата ценетат битолска публика изведоа богата вокално-инструментална и танцова програма составена од фрагменти од кореографии од поновиот репертоар на ансамблот.
[ngg src=”galleries” ids=”422″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






