Денес како и што беше најавено Битола на пладне беше обоена во розево, околу 1.000 жени, битолчанки, маршираа по Широк Сокак од Офицерски дом до плоштадот “Магнолија“ во рамките на хуманитарната акција “Да ја обоиме Битола во розево“, која ја организираа здруженијата на граѓани “Јасмин“ и “Златно Перо“.
Хуманитарниот марш и есенскиот панаѓур беше за и во Битола да се одбележи ОКТОМВРИ – Светски месец за борба против ракот на дојка, како и насекаде во светот, рекоа организаторите, кои додадоа дека Битола е град со најмногу заболени од секој тип на карцином, но исто така и подрачје каде голем дел од луѓето се срамат да ја споделат јавно својата мака и проблем.
-Да бидам искрена не се надевам на ваков одзив, и сакам прво да им се заблагодарам на сите кои ни се приклучија денес на маршот и панаѓурот. Целта која сакаме да ја постигнеме со оваа акција, со маршот и панаѓурот е да апелираме за превентивни прегледи на дојка кај жените, не само во октомври кој е месец на борба против рак на дојка, туку и понетаму. Знаеме дека малку жени одат на превентивни прегледи, но се надевам дека маршот и хуманитарниот панаѓур ќе поттикнат да има што повеќе прегледи, бидејќи сите знаеме дека е подобро да превенираме отколку да лечиме, рече Наумовска Јулијана од здружението ,“Златно перо“.
Александра Илиевски од здружението “Јасмин“ рече дека на маршот и панаѓурот имало окопу 1.000 жени што за нив е голем успех.
-Имавме 1.000 жени кои денес беа вклучени во акцијата, што за нас не е малку. На самиот панаѓут имавме околу петнаесетина штандови од кои девет беа од општина Битола, а седум беа приватно дизајнирани. Главен покровител беше компанијата “Кромберг и Шуберт Македонија“, а доста ни помогнаа и “СН брокер“ и “Вава“. Собраната хумитарна помош ќе биде поделена на лица кои за заболени од карцином и на кои им треба финансиска поддршка, додаде Илиевска.
Анета Димитриевска претседател на здружението “Јасмин“ за поддршка на заболени лица рече:
-Во Битола бројката на болни изнесува над 2000 лица болни од различен карцином. Но, Последните неколку години како да расти свеста кај луѓето дека превенцијата е битна. Многу од жените стравуваат да одат на прегледи, но стравот не смее да биде пресуден. Поаѓајќи од себе како онколошки пациент, секој човек треба прво да се соочи со проблемот, а потоа да побара помош.
На панаѓурот беа присутни и од комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола, кои рекоа дека комисијата му дава целосна поддршка на целиот хумитарен настан, марш и панѓур за борба против рак на дојка и како комисија ќе учествуваме со свој штанд ја кој ќе дадеме на прашалници и на тој начин ќе покажеме дека без разлика на нашата политичка припадност борбата која ја водат жените мора да ја добијат сите безрезервно.
На панаѓурот имаше и многу заинтересирани граѓани, а изложуваа свои призводи мали и големи компании, здруженија, училишта, организации.. сите кои сакаат да помогнат со своето присуство да им се помогне на што повеќе заболени луѓе, да се поткренине свеста на младите за редовни контроли и рано откривање на болеста.
На акцијата “Да ја обоиме Битола во розево“ му се приклучија и женските организации на двете најголеми политички партии во градот, Форумот на жени на СДСМ и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

1.000 битолчанки ја обоија Битола во розево, со марш по Широк Сокак и хуманитарен панаѓур на “Магнолија“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





